Колач со мармалад и лешници

Потребни состојки:

Мерката е чаша од 200 мл

1,5 чаша шеќер
1,5 чаша вода ладна
2,5 чаши брашно
4 лажици мармалад
1 кесичка цимет
1 кесичка сода бикарбона
100 гр сечкани или мелени лешници
1-2 лажици какао
2 лажици мармалад за премачкување

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат во длабок сад и се мешаат додека не се добие хомогена смеса. Смесата се ставаме во набрашнета тепсија и се остава 15-ина минути да отстои. Се пече во загреана рерна на 250 степени. Кога е готов колачот, се остава да се олади, па се премачкува со мармалад и се наросува со лешници.

Scroll to Top