Колач со мармалад од кајсии

Потребни состојки:

3-4 лажици мармалад од кајсии
200 гр шеќер
150 мл масло
200 гр брашно
2 ванилини шеќери
1 лажичка пециво
1 лажичка сода бикарбона
50 гр какао
200 мл јогурт
50 мл млеко

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Шеќерот, ванилите, маслото и мармаладот соединете ги со лажица. Додајте ги јогуртот и млекото. Мешајте за да се растопи шеќерот. Соединете ги сувите состојки (брашно, какао, пециво, сода бикарбона) и додајте ги кон влажните. Промешајте со лажица да се соедини смесата. Тавата за печење намаснете ја и набрашнете. Ставете ја смесата во тавата и печете околу 40 минути. Послужете го откако ќе остине.

Scroll to Top