Потребни состојки:
1 јајце
150 г брашно
1 прашок за печиво
180 г шеќер
200 мл млеко
100 мл масло
1 ванилин шеќер
50 г мелени ореви
За крем:
125 г путер или маргарин
100 г чоколадо
250 мл млеко
8 лажици шеќер
230 г мелени ореви
Начин на подготовка:
Се мати јајцето со млекото и маслото, се додава шеќерот, ванилата и брашното помешано со прашок за печиво и мелени ореви. Смесата се излева во намастен и набрашнет калап со димензии 21х24 см, па се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30/35 минути.
За крем: Во тенџере се става 125 г (половина коцка) путер исечен на листови, 100 г чоколадо искршено на коцки, 250 мл млеко и 8 лажици шеќер. На тивок оган се загрева додека состојките да се растопат и соединат, па тргнете ги на страна и додадете 230 г мелени ореви. Промешајте и додека е врел кремот излејте го врз печената кора и оставете го да се излади. Пред да го послужете наросете го со мелени ореви или цели јатки.