Колач со тиква и гриз

Потребни состојки:

500 гр тиква
500 мл млеко
300 гр шеќер
200 гр пченичен гриз
1 ванила
6 јајца
200 гр кисела павлака
малку путер за премачкување на тавата

Начин на подготовка:

Исчистете ја тиквата, насецкајте ја на парчиња и ставете ја да се вари. Варете околу 15 минути, потоа процедете ја и оставете ја да се лади. Ставете го млекото во тенџере и додајте шеќер, ставете го на рингла и пред да зоврие ставете го гризот, варете додека не згусне, а пред крајот на варењето додадете ванила. Тиквата испасирајте ја или ставете ја во блендер. Пирето од тиквата ставете го во смесата од гриз и добро измешајте додека не се изедначи. Во сад изматете ги јајцата и додадете им кисела павлака, мешајте смесата да стане изедначена и додавајте во етапи од кремот со тиква и гриз, со непрестано мешање со миксер. Тавата за печење намачкајте ја со путер и сипете ја смесата во неа. Печете 45 минути на температура од 190-200 степени. Кога ќе се олади колачот, ставете му шеќер во прав и послужете го.

Scroll to Top