Колач со вишни по старински рецепт

Потребни состојки:

5 јајца
300 гр шеќер
200 мл јогурт
170 мл масло
1/2 кесичка пециво
270 гр брашно
1 ванила
400 гр вишни
шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

Исчистете ги семките на вишните и оставете во цедалка да откапе сокот. Одделете ги жолчките и белките. Со миксер изработете ги одвоено белките во цврст снег додавајќи постепено од шеќерот. Посебно изматете ги жолчките со ванилата. Во белката полека додадете ја смесата од жолчките и со шпатула внимателно измешајте. Потоа додадете ги јогуртот и маслото, а на крај додадете ги брашното и пецивото. Смесата излијте ја во плех, претходно подмачкан со масло и побрашнет или врз хартија за печење. Врз смесата наредете ги вишните. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени првите 10 мин, а потоа намалете на 180 степени за да се допече. Посипете го со шеќер во прав откако ќе остине и послужете го.

Scroll to Top