Колачот се подготвува брзо и лесно, а потребни ви се само три состојки:
Готово лиснато тесто
Чоколадо
Јајце
Начин на подготовка:
Расукајте го лиснатото тесто. На средината ставете го чоколадото. Со нож засечете го тестото и ставајте го преку чоколадото како што е прикажано на фотографијата. Премачкајте го тестото со изматеното јајце, па печете околу 15 минути на 200 степени.
Колачот послужете го топол, додека е растопено чоколадото.