Состојки:
Тесто:
- 170 гр путер на собна температура
- 70 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 прстофат сол
- 1 јајце
- 240 гр брашно
Полнење:
- 130 гр мелено семе од афион
- 30 гр шеќер
- 130 мл млеко
- шеќер во прав за посипување
Подготовка: Измешајте путер, шеќер, ванилин шеќер и сол. Додадете јајце, а потоа брашно. Направете мазно тесто, завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер половина час.
За филот измешајте мелен афион со шеќер и прелијте со врело млеко. Оставете да го се олади.
Тестото поделете го на 22 топчиња. Секое топче на дланка истенчете во круг, а потоа ставете полна лажичка фил од афион во средината на секој круг. Соединете ги краевите на тестото и обликувајте топка. Ставете ги топчињата на плехот, и оставете празни места меѓу нив. Печете околу 20 минути, но не оставајте да се затемнат. Оставете ги колачињата да се изладат, посипете ги со шеќер во прав.