Потребни состојки:
200мл пиво
1 шолја шеќер (од 200 мл)
1 шолја масло (150 мл)
1 прашок за печиво
околу 3 шолја брашно
2 кесички ванилин шеќер
100 г кикирики (мелени или ситно сечкани по желба)
шеќер во прав за наросување
Начин на подготовка:
Пивото заедно со шеќерот и ванилата ставете ги во тенџере на оган да зовријат, па тргнете на страна. Кога ќе излади пивото, додадете масло, кикирики и брашно помешано со прашок за печиво, во неколку наврати (не го истурајте одеднаш целото брашно) и мешајте, па месете за да добиете средно меко тесто. Од тестото правете топчиња со големина на орев, па редете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Кога се печени и додека се топли извалкајте ги во шеќер во прав.