Потребни состојки:
2 готови теста за торта
1 литар млеко
100 г шеќер
2 пудинга од ванила
2 лажици густин
200 г шеќер во прав
125 г маргарин
1 кесичка желатин
750 г праски
Начин на подготовка:
Во тенџере на оган ставете 800 мл млеко и 200 г шеќер. Прашокот за пудинг, густинот и преостанатиот шеќер измешајте ги со 200 мл млеко. Додадете ја смесата во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе се згусне тргнете од оган и изладете. Маргаринот пенесто изматете го со шеќерот во прав. Додадете го изладениот крем и повторно изматете. Првата кора пандишпан ставете ја на послужавник и попрскајте ја со засладено млако млеко. Премачкајте со половина од кремот, наредете праските исечени на кришки и нанесете ја втората кора пандишпан. Попрскајте ја со млеко и премачкајте со преостанатиот крем. Наредете ги преостанатите кришки праски. Желатинот подгответе го според упатството на кесичката, ставете го на колачот. Послужете го откако добро ќе се излади.