Крем салата  

 

Крем салатата секогаш може да биде на вашаето мени, и за ручек и за било која свеченост.

Потребни:

600 гр. шампињони

200 гр. пченка

6 лажици масло

1 лажиче вегета

400 гр. кисела павлака

200 гр. мајонез

магдонос

Подготовка:

Се сечат печурките, па се додава масло во тава и вегета, па се убаво кратко се пржи.

Шампињоните сами ќе пуштат вода, па затоа нема потреба да додавате.

Кога ќе испари водата, по десетина минути, тргнете ги на страна.

Ставете во друг сад да се вари пченката, па кога ќе биде готова ставете ги шампињоните и пченката во еден сад, ставете павлака, мајонез и магдонос.

Се убаво измешајте и соединете.

Нека се олади, па спремно е за послужување.

Scroll to Top