Потребни состојки:
500 мл слатка павлака
700 гр кисела павлака
200 гр шеќер во прав
300 гр мелени бисквити
250 гр мелени ореви
100 гр рендано чоколадо
200 мл млеко
150 гр бисквит во парче
Начин на подготовка:
Се мати слатката павлака, но да не биде премногу цврста. Се мати киселата павлака, па се додава слатката павлака и заедно се соединуваат. Смесата се дели на два еднакви дела. Во едниот дел се додаваат бисквити, а во вториот ореви и чоколадо. Делот со бисквитите може да биде погуст и посув, па додадете половина од млекото и повторно промешајте.
Во подлабок сад или калап 24 см, обложете со проѕирна фолија и ставете го целиот фил со ореви, израмнете, па потоа со лажица ставете го филот со бисквитите, насекаде по малку. Одозгора наредете бисквити натопени во преостанатото млеко. Ставете во замрзнувач 2-3 часа, па превртете ја тортата на тацна и отстранете ја фолијата.