Потребни состојки:
2 банани
1 шолја пире од јаболка (за замена можете да измиксате свежо јаболко)
1/8 мала шолја масло
1 лажичка ванила
1 јајце
2 лажички мед
1/4 мала шолја кокосово брашно
3/4 мала шолја бадемово брашно
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка цимет
1/2 лажичка сол
Начин на подготовка:
Измиксајте ги бананите и јаболката во мазна смеса. Додајте масло, ванила, јајце, мед и мешајте додека смесата не се поврзе. Во друг сад измешајте кокосово и бадемово брашно, сода бикарбона, цимет и сол, па оваа мешавина додајте ја во првиот сад и сè темелно измешајте.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Намастете калап за крофни, наполнете го со смесата за крофни, но не до самиот врв, оставете малку место. Печете петнаесетина минути.