Потребни состојки:
500 гр брокули
500 гр карфиол
1 кромид
½ праз
1 чешне лук
сол
црн пипер
сечкан магдонос
1 белка
масло
Начин на подготовка:
Поделете ги брокулите и карфиолот на цветчиња и сварете ги во солена вода. Процедете ги и испасирајте ги како пире. Исечкајте ги ситно празот и кромидот и пропржете ги во малку масло. Додајте ги лукот, зачините по желба, сечканиот магдонос и една белка, па соединете ја смесата.
Зафаќајте малку со лажица од приготвената смеса и обликувајте топчиња. Редете ги на плех врз хартија за печење, прелијте ги со малку масло и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20-30 минути.