Лазањи со палачинки

Потребни состојки:

За палачинките:
500 мл млеко
1-2 јајца
брашно
масло и малку сол

За фил:
100 гр. суви колбасици
50 гр сув врат
1 лажица брашно
300 мл млеко
1 чешне лук
масло
сол, бибер, оригано, босилок, ловоров лист
моцарела

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата, млекото, брашното, малку масло и сол. Направете ретко тесто за палачинки и испечете ги. Колбасиците и вратот исечете ги на ситни коцки и испржете ги во тава. Во истото тавче на масло, пропржете лажица брашно и додајте го изгмечениот лук па добро изматете да нема грутки. Тргнете ги од шпорет и додадете ги зачините и испржените колбасици и сето тоа заедно измешајте го. Во мал плех, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење, на дното ставете една палачинка и две лажици од филот, потоа палачинка, па пак две лажици од филмот. Повторувајте додека не ви се потроши смесата. На крајот ставете палачинка одозгора, малку од филот и изрендајте моцарела. Печете на 200 степени целзјусови околу 30 минути. Послужете го топло.

Scroll to Top