Лазањи со пилешко

Потребни состојки:

Кори за лазањи
маслиново масло
1 морков
1 кромид
1 целер
малку сечкан магдонос
500 гр. мелено пилешко месо
60 грама шунка
сол и бибер
малку рузмарин
2 дл бело вино
1 лажица брашно
2 дл доматно пире
100 гр рендано сирење

Начин на подготовка:

Корите за лазањи ставете ги во врела вода малку да омекнат. Исечкајте го морковот, кромидот и целерот па пропржете ги на предтходно загреаното маслиново масло. Додајте ги шунката и месото. Кога месото ќе стане сиво додајте ги зачините и виното и гответе додека алкохолот не испари. Сокот од домати и брашното сварете го настрана. Наредете ги лазањите со тоа што прво ќе ставите кори, па потоа од филот. Одозгора прелијте со домат. Најгоре ставете го сирењето и печете половина час на 200 степени.

Scroll to Top