Леден банана колач

Потребни состојки:

  • 300 гр бисквити
  • 3 кеси пудинг од ванила
  • 9 лажици шеќер
  • 1 л млеко
  • 200 гр маргарин
  • 4 лажици павлака
  • 5 банани
  • 200 мл слатка павлака или 200 гр шлаг

Начин на подготовка:

Се кршат ситно бисквитите и пудингот се разматува со 400 мл млеко. Остатокот од млекото се остава да зоврие, па се додаваат девет лажици шеќер и внатре се става пудингот со маргаринот исечен на парчиња. Се меша да се стопи па се става и киселата павлака. Се додаваат бисквитите, па смесата се става во стаклен сад. Се лупат бананите и се сечат на тркалца и се редат врз пудингот. Одозгора се става остатокот од филот, па се остава да се олади. Се мати слатката павлака или шлагот и се украсува. Се послужува откако ќе отстои неколку часа во фрижидер.

Scroll to Top