Лисната погача со сирење

Потребни состојки:

700 г брашно
20 г квасец
2 јајца
100 мл масло
околу 400 мл млеко
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер

За премачкување на тестото:
100 г маргарин (или по желба кисела павлака или крем-сирење)

За премачкување на погачата:
1 жолчка
сусам

Начин на подготовка:

Брашното ставете го во подлабок сад и направете мала вдлабнатина во која ќе го ставите квасецот и шеќерот. Прелијте со малку млако млеко и оставете да се активира. Кога квасецот ќе нарасне, додадете сол, масло, јајца и со млако млеко замесете тесто. Млекото додавајте го постепено и по потреба. Набрашнете ја работната површина, па тестото замесете го убаво за да добиете мазна топка. Вратете го во садот, премачкјате го со масло и оставете го да се удвои. Повторно ставате го на работната површина, развлечете го во долг правоаголник околу 80 см должина, и колку што може да е потенко. Преку целата површина премачкајте ја кората со омекнат путер. Премачкајте по желба со кисела павлака или крем-сирење. Свиткајте го ролатот по должина. Од едната страна исечете парче со должина од 5-6 см и ставете го исправено на средина од калапот (користете калап 26 или помал). Ролатот ставете го во калапот околу средниот круг, така што ќе има еднаков простор од ѕидот на калапот и средишниот дел. Краевите внимателно спојте ги. Оставете на топло да стасува и да ја удвои големината. Потоа премачкајте го со жолчка, засечете го тестото околу 1 см длабоко, наросете со сусам, оставете уште малку да отстои, па ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени.

Scroll to Top