Лиснати триаголници со јаболка и цимет

By

Потребни состојки:

1 парче готово лиснато тесто
2-3 јаболка
3 лажици шеќер
1 лажица цимет
½ лимон – сок
3 лажици вода
путер за премачкување на кората

Начин на подготовка:

Излупете и изрендајте 2-3 јаболка, па додадете 3 супени лажици во нив, 1 полна супена лажица цимет, малку лимонов сок и 3 супени лажици вода. Добро промешајте и ставете ги на оган околу 10-тина минута. Мешајте постојано додека да се зготват и да испари течноста. Парче лиснато тесто развлечете го во правоаголна форма со димензии 30х35см. Со остар нож поделете го 6 еднакви делови. Внатрешноста на секој дел, до половина, исечете ја на ленти со широчина од 1 см, но не до крајот на кората. Секое парче премачкајте го со путер на собна температура. Потоа поклопете го на половина. Врз секое парче ставете полна супена лажица фил од јаболка и свиткајте го во вид на триаголник. Вака подготвените триаголници наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Одозгора премачкајте ги со вода и наросете ги со кристален шеќер. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 190 степени, 25 минути. Печените триаголници извадете ги да подизладат, па наросете ги со шеќер во прав.

Ќе ви се допадне