Потребни состојки:
1 л. доматно пире
2 кг. црвени пиперки
500 гр. кромид
500 гр. морков
100 гр. сол
100 гр. шеќер
100 мл. јаболков оцет
2 лажици магдонос
1 ловоров лист
1 конзерванс
100 мл. масло
6 чешниња лук
Начин на подготовка:
Се ставаат кромидот сомелен и доматното пире на оган да крчкаат половина час, а за тоа време се сечат пиперките на коцки и се чистат, се лупи морковот и се сече на кругови и се меле лукот. По пола час се додаваат пиперките, морковот и лукот, ловоров лист и се прелива со масло и оцет, сол и шеќер. Се остава од 90 до 120 минути да крчка со мешање, а густината треба да е како за ајвар. Се трга од оган и се ставаат магдонос и конзерванс, па се меша. Нека стои 10 минути, па се става во тегли. Кога ќе остине, теглите ставете ги на темно место.