Мафини со ореви и кокос

Потребни состојки:

4 белки
200 гр шеќер
100 гр мелени ореви
50 гр сецкани ореви
50 гр кокос
5 лажици брашно
1 пециво
150 мл млеко

Начин на подготовка:

Белките изматете ги со миксер, постепено додадете го и шеќерот и продолжете со матење додека да се стопи шеќерот. Потоа, додадете ги оревите, кокосот, брашното измешано со пецивото, млекото. Убаво изматете ја смесата со миксер. Калапот за мафини премачкајте го со путер и ставајте од смесата. Печете на 200 степени околу 10-15 мин. Од оваа смеса излегуваат 12 мафини.

 

Scroll to Top