Макало со суви пиперки и праз

Потребни состојки:

10 благи суви пиперки
5 везени суви пиперки
2 страка праз
масло за јадење
сос од домати
сол

Начин на подготовка:

Убаво измијте ги сите суви пиперки, исчистете ги од семките и ставете ги да се варат. Празот насецкајте го ситно. Откако ќе се сварат пиперките, ставете ги во блендер и додадете 150-200 милилитри сос од домати и сол и убаво изблендирајте ја смесата додека не се изедначи. Во смесата додадете го сечканиот праз. Во сад ставете 70 милилитри масло да се згрее и кога ќе зоврие, посипете го макалото.

Scroll to Top