Македонска мучкалица со свинско месо и димена сланина

200 гр свинско месо
200 гр чадена сланина
1 главица кромид
10 пиперки
2 лути пиперки
1 кг домати

Прво се запржуваат свинското месо и сланината исечени на коцки. Откако е пржено, се трга на страна.
Во истата тава се запржуваат кромидот и пиперките исечени на помали парчиња.
Кога е пржено се додаваат доматите, излупени и исечени на коцки. Кога ќе се наполу пржени доматите, се додаваат и прженото месо и сланината. Кога ќе испари течноста од доматите, се посолува и мучкалицата е готова.

 

Scroll to Top