Маринирани пилешки крилца

Потребни состојки:

1 кг пилешки крилца
3 лажици сос од соја
1 лажичка пипер во прав
2 лажици мед
2 чешниња лук
2 лажици масло од сусам
1 лажичка чили сос
1 лажица свежо рендан ѓумбир
сок од половина лимон

Начин на подготовка:

Исечкајте го лукот и заедно со наведените состојки направете маринада. Ставете во поголем сад. Исечете ги крилцата на два дела, ставете ги во садот со маринада, добро измешајте и оставете ги да отстојат 2 до 3 часа, а по можност подолго. Подгответе сад за печење, покријте го со хартија за печење и поставете ги крилцата. Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 30-35 минути. Послужете ги топли.

Scroll to Top