Mекици готови за 30 минути

Потребни состојки:

100 мл. млеко,
1 јајце,
½ пакување квасец
1 лажиче сол,
1 лажиче шеќер,
2 лажици масло,
½ канче кисело млеко,
1 прстофат сода бикарбона
500 гр. брашно

Начин на подготовка:

Се мешаат сите суви состојки. Во друг сад се мати јајце со кисело млеко и се додава сода, па млекото и маслото. Се спојуваат смесите. Се меси тесто со раце, па се остава да отстои 30 минути. Се вадат мекици со намастени раце и се пржат на врело масло.

Scroll to Top