Мини погачи

Состојки:

100 гр. кравјо сирење

200 гр. брашно

200 гр. маргарин

малку сол

Подготовка:

Се меша сирењето во сад ситно издробено со брашното и маргарин, како и прстофат сол.

Се прави тесто, се развлекува кора, па се вадат погачи со шолја.

Секоја погача се става во плех со маргарин и се пече на 200 степени околу 30 минути.

Пред печењето на средина направете со прстот вдлабнатина, па по печењето може да си ставите сирење во неа.

Scroll to Top