Мрзлива пита

Потребно:

100 мл вода
1/3 коцка квасец
1 лажица шеќер
250 гр брашно
50 мл зејтин
1 јајце
1 лажичка сол
3 лажици кисело млеко
1/2 пециво
50 гр сирење
50 гр свински врат
10 маслинки
Малку лен за поросување

Подготовка:

Во еден подлабок сад ставаме 100 милитри млака вода, 1/3 квасец, 1 лажица шеќер и 2 лажици брашно. Замешуваме и оставаме квасецот да надојде. Кон ова ги додаваме останатите состојки освен сирењето,свинскиот врат и маслинките. Мешаме со дрвена лажица додека не се добие мазна смеса без грутки. Смесата е нешто поретка од смеса за мекици или нешто погуста од смеса за палачинки.
Гии додаваме изренданото сирење, ситно исечканиот свински врат и исечените маслинки. Повторно мешаме и смесата ја истураме во намастен и побрашнет плех(округол плех бр.28).Оставаме да одстои околу 30 минути.После тоа одозгора ставаме лен и питата ја печеме во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

 

Scroll to Top