Мусака со печени пиперки

Потребни состојки:

500 гр мелено месо
2 кромида
10 печени пиперки, поголеми, исчистени
1 јајце
1 чашка павлака
1 лажица сув зачин
малку сол и бибер
1 чаша вода
3-4 лажици масло

Начин на подготовка:

Исечкајте го кромидот, додадете малку вода и сув зачин и динстувајте 15 минути. Додадете го меленото месо и продолжете со динстувањето 20-ина минути со додавање малку вода. Вклучете ја рерната на 200 степени за да се загрее. Земете огноотпорен или керамички сад, тава, и премачкајте го со масло. Пиперките отворете ги, исечете ги и поделете ги на три дела. Покријте го долниот дел од тавата со пиперки, преку нив ставете половина од месото, па уште еден ред пиперки и месо. Остатокот од пиперките, колку и да се, ставете ги во последниот ред. Можете да го замените средниот ред пиперки со компири. Изматете ги јајцето со павлаката, водата, солта, биберот и прелијте ги пиперките. Печете од 1 до 1,5 час, во зависност од рерната и колку треба да се загрее тавата. Готово е кога ќе фати убава кора.

Scroll to Top