Mусака со сирење

Потребни состојки:

2,5 килограма компири
2 дл млеко
3 дл кисела павлака
2 црвени кромида
50 гр тврдо сирење
лавров лист
1 чешне лук
малку путер, сол и бибер

Начин на подготовка:

Во сад ставете го млекото и додадете ги лукот и лавровиот лист. Гответе 2-3 минути, а потоа извадете ги лукот и лаворот и оставете млекото да се излади. Во садот со млекото додадете ја киселата павлака и посолете. Кромидот исечкајте го на коцки и пропржете го на путер на тивок оган. Компирите исечкајте ги на тенки трклаца. Земете подлабок сад за печење и премачкајте го со путер. На дното наредете ги тркалцата компири, потоа додадете го динстуваниот кромид, а потоа повторно наредете компири и зачинете со сол и бибер. Потоа врз компирите додадете го млекото заедно со киселата павлака. Прекријте го садот со алуминиумска фолија и ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. Наросете со тврдо сирење, а потоа вратете ја мусаката уште неколку минути во рерна за да добие златножолта боја.

Scroll to Top