Мусака со спанаќ

By

Потребни состојки:

600 г исчистен спанаќ
400 г мелено месо
1/2 главица кромид ситно исечкан
1 рендан морков
2-3 чешниња исечкан лук
1 филџан ориз
1/2 лажица црвена пипер
1/2 лажица зачинал
сол, црн бибер и масло

Прелив:

3 јајца
150 мл јогурт

Начин на подготовка:

Ззапржете го исечканиот кромид, па додадете ги морковот и лукот. Откако ќе се запржат, додадете го меленото месо да се испржи. На крајот додадете ги зачините и оризот и измешајте. Во истата тава, ставете 3 филџани вода, нека зоврие водата, па додадете го спанаќот. Покријте со капак за побрзо да слегне спанаќот, ќе му требаат десетина минути. Откако ќе слегне спанаќот, додадете уште 1 филџан вода, вода треба да има колку да се покрие содржината во тавата. Вака приготвената тава ставете ја да се пече на 250 степени околу 15 минути, па извадете ја и прелејте ја содржината со мешавина од јајца и јогурт. Вратете ја назад да се запече уште неколку минути. Сервирајте со кисело млеко.

Ќе ви се допадне