Мусака со стар леб

Потребни состојки:

300 гр шунка
200 гр кисела павлака
масло
1 пиперка
бибер
зачинал
2 јајца
200 гр сирење
стар леб
1 домат
3 чешниња лук
малку кашкавал

Начин на подготовка:

На масло пропржете ги пиперката и шунката исечкана на коцки, па додајте ги лукот, зачиналот, биберот и доматот. Во смесата додајте го сирењето и едно јајце. На дно на плех ставете хартија за печење. Отстранете ја кората од лебот, па наредете ги парчињата леб едно до друго. Врз тоа ставете го целиот фил, па повторно ставете парчиња леб.

Во чинија скршете го останатото јајце па додајте павлака и малку млеко и со тоа прелијте ја мусаката. Од горе изрендајте малку кашкавал. Печете на 200 степени околу 40-45 минути. Послужете ја топла.

Scroll to Top