Направете торта за 10 минути!

Направете превкусна торта за помалку од десет минути.

ПОТРЕБНИ ВИ СЕ:

2 ќесички пудинг од ванила

125 грама маргарин

200 грама шеќер во прав

300 грама бисквити

5 лажички кокос

3 банани

Ќеса шлаг

Направете го пудингот во 6 децилитри вода и оставате го да се олади. Додадете го маргаринот изматен со шеќерот во прав, а откако смесата ќе стане хомогена, додадете го кокосот, мелените бисквити и бананите исечкани на кругови.

Се измешајте и обликувајте торта, која ќе ја премачкате со шлаг.

Scroll to Top