Неодоливи посни сникерс бомбици

За сите на кои сникерс чоколадото им е омилено, ова е неодолив посен десерт од кој ќе ги излижете прстите.

СОСТОЈКИ:

 

  • 100 мл вода
  • 1 кеса ванилин шеќер
  • 200 гр посно чоколадо за готвење
  • 300 гр кикирики
  • 200 гр бисквити
  • 2 лажици шеќер

ПОДГОТОВКА:

  1. Водата, шеќерот и ванилата се ставаат на оган и се мешаат.
  2. Се додава пола од чоколадото, па бисквити и кикиритки. Измешајте и оставете ја смесата во ладилник.
  3. Направете бомбици и ставете ги неколку часа во ладилник, па извалкајте ги во останатото чоколадо кое ќе го растопите и извалкајте ги во останатите бисквити и кикиритки.
Scroll to Top