Обланди „Седмо небо“

Потребни состојки:

1 пакување обланди
10 белки
300 гр шеќер во прав
300 гр сечени ореви

Фил:

700 мл млеко
10 жолчки
10 лажици шеќер
2 пакувања пудинг од ванила
200 гр темна чоколада за готвење
250 гр маргари

Начин на подготовка:

Најпрвин белките ги делиме од жолчките. Во белките додаваме 300 грама шеќер во прав и матиме со миксер. Кога ќе се направи цврст снег ги додаваме сечените ореви и сè заедно мешаме. Оваа смеса ја делиме подеднакво на листовите од обланди и ги печеме лист по лист на тивко на температура од 150 степени околу 15-20 минути. Готови се кога ќе се исушат и ќе поруменат. На краевите при печењето ќе се свијат корите. Маргаринот го матиме додека не побеле. Жолчките со 10 лажици шеќер ги матиме со миксер, додаваме 2 пудинга од ванила и 100 милилитри млеко. Оваа смеса убаво изматена, без грутки ја додаваме во зовриено млеко (600 милилитри) и мешаме додека се згусне. Кремата ја префрламе во друг сад. Додека е топла ги додаваме 200 грама чоколада и мешаме додека потполно да се стопат. Кога кремот е потполно изладен, се додава изматениот маргарин и се мати со миксер. Оладените обланди ги премачкуваме со филот, само на најгорната обланда не ставаме од него. Врз колачот ставаме послужавник и врз него нешто тешко за да ги исправи корите. Така треба да постојат неколку часа, по што може да ги послужите.

Scroll to Top