Потребни состојки (за 18 бомбици)
300г бело чоколадо
30 Орео колачиња
100г крем сирење
4 Орео колачиња за декорација
Начин на подготовка:
Иситнете ги Орео колачињата во блендер додека не добиете кафеав прашок. Префрлете го во пластичен сад и додајте го крем сирењето. Мешањето може да биде малку потешко, но смесата не треба да биде многу течна за да можете да ги обликувате бомбиците. Откако ќе ги обликувате и наредите на тава или голема чинија, ставете ги 10 тина минути во замрзнувач. За тоа време растопете го белото чоколадо и оладете го. Извадете ги топчињата и прелијте ги со чоколадото. Искршете ги покрупно 4-те Орео колачиња и просипете ги врз чоколадото. Бомбиците се готови откако чоколадото ќе се стврдне.