Потребни состојки:
750мл. слатка павлака,
50гр. шеќер во прав
60 Орео бисквити (во зависност од големината на садот во кој ќе го правите колачот)
Начин на подготовка:
Слатката павлака и шеќерот во прав измешајте ги во сад додека не добиете соединета смеса. На дното на садот на кој ќе го правите колачот наредете Орео бисквити, па додадете тенок слој од смесата. Потоа повторно наредете бисквити, па премачкајте ги со тенок слој фил и така додека не ги потрошите бисквитите. Ставете го колачот во фрижидер да отстои 3 до 4 часа, па сервирајте.