Оригинален рецепт за американска пита

Потребни состојки:

250 г ладен путер
350 г брашно
1/8 лажичка сол
6-8 супени лажици ладна вода

Фил:

1кг јаболка
100 г шеќер
100 г кафеав шеќер
3 лажици брашно
1 лажиче цимет
прстофат ѓумбир
прстофат морско оревче
2 лажици стопен путер

Начин на подготовка:

Во длабок сад се ставаат брашното, солта и ладниот путер исечен на коцки. Се мешаат во трошлива смеса на која и се додава студена вода по потреба, 6 до 8 лажици. Се формира тесто кое се дели на два дела. Тестото се витка во кеса и се остава барем 2 часа во фрижидер. Во посебен сад се мешаат шеќерот со кафеавиот шеќер, брашното, циметот, ѓумбирот, морското оревче и стопениот путер. Потоа се додаваат јаболката исечени на коцки, попрскани со сок од пола лимон. Од тестото се сука кора дебела околу 5 мм. Долната се става цела во подмачкано тавче, потоа се додава филот, а горната кора или се става цела или се сече на ленти и се реди преку филот. Се премачкува со изматена белка и се попрскува со ванилин шеќер. Се пече 15 минути на 220 степени, па температурата се намалува на 175 степени и се пече уште 30 до 40 минути. Се служи топла.

Scroll to Top