Овошна јогурт торта

Потребни состојки:

За бисквитот:

3 јајца
3 лажици шеќер
3 лажици брашно
3 лажици масло
малку прашок за пециво

За филот:

3 чашки јогурт
3 шлага (или 1/2 л. слатка павлака)
3 желатина
200 гр. шеќер во прав
овошје (по избор)

Начин на подготовка:

Спојте ги состојките за бисквитот и испечете го тестото. За кремот во еднен сад изматете шлаг, а во друг измешајте 2 јогурти и 200 гр шеќер, а во трет ставете 1 јогурт и 3 желатина кои ќе ги измешате малку. Ставете го јогуртот и желатинот на шпоретот и мешајте. Веднаш штом ќе зоврие, тргнете го од огин и додадете го шлагот, 2 јогурти, шеќерот и овошјето. Истурете го сето ова во претходно подготвен калап. Ставете ја тортата во ладилник додека не се стегне убаво, па послужете ја.

Scroll to Top