Потребни сoстојки:
500 гр брашно
30 грама свеж квасец
2 лажички шеќер
1,5 лажичка сол
6 лажици масло
300 мл млеко
Фил:
300гр сирење
2 јајца
сол
Начин на подготовка:
Од наведените состојки замесете тесто и оставете го да отстои. Откако ќе нарасне, тестото разделете го на мали топчиња. Секое топче се рассукува и се филува со сирењето што сте го споиле со јајцата. Се преклопува и со помош на вилушка се затвора за да не истече филот. Панцеротите се пржат во врело масло, кратко, додека заруменат. Се послужуваат топли.