Печени пиперки со фил од фета сирење

Потребни состојки:

4 поголеми пиперки
200 гр фета
1 јајце
50 гр павлака
бибер и сол
маслиново масло
зачини

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната. Пиперките исчистете ги од семки. Обложете ја тавата со алуминиумска фолија. Испечете ги пиперките. Откако се испечени, ставете ги во ќеса да отстојат 10 минути, излупете ги и исечете ги од страната. Загрејте ја повторно рерната на 180 степени. Направете фил од фетата, павлаката и зачините, додадете и лут зачин по желба. Отворените пиперки полнете ги со филот и потоа завиткајте ги како сармички. Печете 40 минути во рерната.

Scroll to Top