Печено месо со печурки и топен кашкавал

Потребни состојки: 1 кг свинско месо, 2- 3 главици кромид, 500 гр кашкавал, 650 гр свежи печурки
Зачини: оригано, вегета, мелен црн пипер, сол по желба

Потребно време за подготовка: 2 часа

На загреано масло се пржи кромидот, претходно ситно исечкан. Постепено се додаваат месото и зачините. Кога малку ќе се запржат се додаваат печурките. По половина час смесата се претура во тава за печење и се прелива со 100 мл бело вино.

Се попрскува со оригано и се пече на 200 степени, прекриено со алуминиумска фолија. По 1 час се вади од рерната, се попрскува со рендан кашкавал и се враќа на печење, за да  се стопи кашкавалот

Scroll to Top