Состојки за околу 20 мали переци:
180 гр топла вода
¾ пакување сув квасец
300 гр брашно
30 гр путер
1 лажица стопен шеќер
1 лажица сол
Малку масло
20 гр сода бикарбона
1 јајце
Крупна сол
За преливот од сирење:
20 гр путер
20 гр брашно
150 мл млеко
50 до 100 гр тврдо сирење по желба
Подготовка:
Во сад додадете вода, шеќер и квасец. По 5 минути кога ќе се активира квасецот, додадете брашно, сол и путер. Матете бавно 2 минути, а потоа брзо 5 минути. Тестото може да го замесите со рака, секако, но тогаш месете околу 10 до 12 минути. Тестото треба да биде меко, а не лепливо. Оставете го тестото да се надигне еден час.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во мал лонец додадете околу 400 до 500 мл вода и сода бикарбона и пуштете да почне да врие. Потоа тестото поделете го на приближно 20 мали делови. Дел по дел вајајте го како мал колбас и направете јазол. Малите јазли од тесто наместете ги на лим со хартија за печење. Откако сте ги направиле малите переци, варете ги во вода со сода 30 секунди и вратете ги на плехот. Премачкајте со изматеното јајце и ставите малку крупна сол. Печете 12 до 15 минути.
Прелив од сирење:
Во лонец растопете го путерот и додадете брашно. Откако ќе се загрее полека додавајте млеко и мешајте без престан. Во бешамелот потоа додадете сирење, зачини и сол по желба. Послужете го додека е топло заедно со меките переци.