Переци со прелив од сирење

Состојки за околу 20 мали переци:

180 гр топла вода

¾ пакување сув квасец

300 гр брашно

30 гр путер

1 лажица стопен шеќер

1 лажица сол

Малку масло

20 гр сода бикарбона

1 јајце

Крупна сол

За преливот од сирење:

20 гр путер

20 гр брашно

150 мл млеко

50 до 100 гр тврдо сирење по желба

Подготовка:

Во сад додадете вода, шеќер и квасец. По 5 минути кога ќе се активира квасецот, додадете брашно, сол и путер. Матете бавно 2 минути, а потоа брзо 5 минути. Тестото може да го замесите со рака, секако, но тогаш месете околу 10 до 12 минути. Тестото треба да биде меко, а не лепливо. Оставете го тестото да се надигне еден час.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во мал лонец додадете околу 400 до 500 мл вода и сода бикарбона и пуштете да почне да врие. Потоа тестото поделете го на приближно 20 мали делови. Дел по дел вајајте го како мал колбас и направете јазол. Малите јазли од тесто наместете ги на лим со  хартија за печење. Откако сте ги направиле малите переци, варете ги во вода со сода 30 секунди и вратете ги на плехот. Премачкајте со изматеното јајце и ставите малку крупна сол. Печете 12 до 15 минути.

Прелив од сирење:

Во лонец растопете го путерот и додадете брашно. Откако ќе се загрее полека додавајте млеко и мешајте без престан. Во бешамелот потоа додадете сирење, зачини и сол по желба. Послужете го додека е топло заедно со меките переци.

Scroll to Top