Потребно:
1 литар млеко
4 пакетчиња пудинг од ванила
330 гр шеќер
1 маргарин
200 гр бисквити
200 гр кокос
200 гр ореви
Шлаг или стопено чоколадо
Подготовка:
Ова е брз колач, готов е за 20 минути и не може да не успее. Количината на состојките секако зависи од големината на тортата што сакате да ја направите, но е важно да се сочува овој сооднос.
Треба да ги сварите четирите пакетчиња пудинг, но не според упатството на производот, туку во еден литар млеко. Пудингот нека се олади и во него додадете го пенасто изматениот маргарин.
Смесата поделете ја на три дела. Во едниот дел додадете кокос, во другиот ореви, а во третиот мелени бисквити. Треба да додадете толку состојки со цел пудингот да биде доволно цврст.
Во соодветен сад ставете го прво кремот со бисквити, врз него кремот со кокос, а на крај тој со ореви.
На крај изматете го шлагот и премачкајте ја тортата од сите страни.