Потребни состојки:
400 гр пилешко месо
150 гр кашкавал
150 гр варени макарони
150 гр варен морков
150 гр варена пченка
2 варени јајца
150 гр кисели краставички
100 гр чајна салама
400 гр кисела павлака
200 гр мајонез
сол и црн пипер
Начин на подготовка:
Прво го вариме пилешкото месо и го оставаме да олади. Го сечеме на помали парчиња. Ја вариме и пченката, морковите и макароните (посебно). Ги ладиме и ги додаваме макароните во месото. Останатите состојки ситно ги сечкаме и ги додаваме во смесата. На крај ја додаваме павлаката и мајонезот, посолуваме и додаваме црн пипер по вкус.