Пилешки шницли во бел сос

Потребно:

600 гр пилешко месо
3 чешниња лук
2 лажици брашно + една кафена лажичка
2 лажици презла
масло, сол, црн пипер
листови магдонос
200 гр кисела павлака
малку млеко

Подготовка:

Месото исечете го на шницли и малку исчукајте го со чекан за месо. Додадете сол и црн пипер.
Измешајте брашно и презла и во него валкајте ги шницлите.
Пржете на тивок оган околу 15 минути.

Шницлите извадете ги во чинија, а во останатото масло ставете 1 лажичка брашно, павлака и добро измешајте.
Додадете го истолчениот лук, сол, црн пипер и листовите од магдонос. По потреба додадете и малку млеко.

Готовите шницли прелијте ги со сосот.

Scroll to Top