Потребни состојки:
3-4 парчиња пилешки стек,
300 гр.исчистени маслинки,
свеж магдонос,
3 лажици маслиново масло,
2 главици црвен лук,
една лажица бел лук во прав,
сол,
пола лажица куркума во прав,
пола лажица мелен ѓумбир,
пола лажиче шафран и 1 лимон
Начин на подготовка:
Во широка тава намачкана со масло ставете го месото и добро пропржете го од двете страни. Исечканиот лук и магдонос заедно со зачините додадете ги во тавата и мешајте постојано. Кога ќе бидете при крај со пржењето на месото, тргнете ја тавата од оган. Префрлете го месото во стаклен, огненоотпорен сад за печење и ставете ги маслинките и кришките лимон. Посипете со маслиново масло и печете десетина минути.