Потребни состојки:
3 кг црвени пиперки
1,5 кг модри патлиџани
1,5 кг домати
150 г лук
2 дл масло
250 г лути пиперки
по 1 лажичка сол и шеќер
Подготовка:
- Испечете ги пиперките, модрите патлиџани и доматите, излупете ги и сомелете ги во машина за месо.
- Ставете го маслото да се згрее во големо тенџере, па додадете го мелениот зеленчук. Додадете ги солта, шеќерот и исечканиот лук. Оставете да се динстуваат 10-15 минути. Пред самиот крај додадете ги лутите пиперки, кои претходно малку сте ги запекле, но внимавајте да не се распаднат, туку да останат цели.
- Жешкиот пинџур ставете го во топли, стерилизирани тегли, кои веднаш ќе ги затворите и ќе ги оставите превртени да стојат преку ноќ додека не се изладат.