Пирошки од компир

Потребни состојки:

750 г компир
100 г брашно
1 лажица вегета
150 г кашкавал
40 г маргарин
2 жолчки
мускатно оревче
за похување: презла, јајце, масло за пржење

Начин на подготовка:

Компирот сварете го со лушпа, излупете го и испасирајте го. Додадете брашно, зачини, рендано оревче, жолчки и маргарин. Убаво промешајте и месете додека да добиете изедначено тесто. Обликувајте крокети, а во секое втиснете стапче кашкавал. Вака добиените крокети валкајте ги во брашно, па во јајца, па во лебни трошки и пржете ги на умерено загреано масло. Послужете ги топли.

Scroll to Top