Питата со фантастичен мирис и вкус.
Состојки:
Тесто:
- 300 гр остро брашно
- 1/2 кесичка прашок за печиво
- прстофат сол
- 5-6 лажици ладна вода
- 2 лажици шеќер во прав
- 150 гр путер
Фил:
- 400 гр замрзнати боровинки
- 1 лажичка цимет
- 80 гр мелени ореви
- 50 гр шеќер во прав
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 лажица презла
За премачкување:
- 1 жолчка од јајце
За наросување:
- шеќер во прав
Подготовка:
Измешајте го брашното со прашокот за печиво, додајте ги путерот исечен на ленти, солта и шеќерот. Сето тоа добро промешајте го со прсти и на крајот додајте ладна вода. Замесете мазно тесто и оставете го да отстои на ладно место најмалку 30 минути.
Одмрзнете ги замрзнатите боровинки и добро исцедете ги.
Дел од подготвеното тесто развлечете го малку повеќе од големината на калапот и ставете го во намрсен и набрашнет калап. Покријте ги дното и страните на калапот со тестото. Врз него посипете ја презлата и наредете ги исцедените боровинки. Посипете ги со цимет, шеќер во прав, ванилин шеќер и ореви.
Преостанатото тесто развлечете го и со него покријте ги боровинките. Површината на тестото премачкајте ја со изматена жолчка, избоцкајте со виљушка и печете во загреана рерна на 180 степени 40-ина минути.
Питата посипете ја со шеќер во прав, па послужете ја.