Подварок по оригинален старински рецепт

Потребни состојки. За 4 лица:

 

1 кисела зелка (до 2 кг)

1 главица кромид

150 мл свинска маст

свинско месо

свинска сланина

црн пипер

лаворов лист

Подготовка:

Исечете ја зелката на ситни парчиња, малку измијајте ја и процедете ја.

Загрејте ја маста, па на неа динстувајте ги ситно исечканиот кромид и зелката. Потоа додадете ги месото што претходно го исечкавте и пржете сè заедно  20-ина минути. Динстуваната смеса зачинете ја со црн пипер по вкус и со лаворов лист, а потоа ставете ја во земјен сад. Парчињата сланина ставете ги над измешаната смеса. Печете додека зелката не стане мека, на 200 степени околу еден и пол или 2 часа. Се сервира со компир.

Scroll to Top